|
|
|
Поставување на вашиот вебсајт на интернетКога ќе бидете подготвени да го поставите башиот вебсајт, потребно е да донесете две важни одлуки – како ќе се вика вашиот домеин и каде ќе го хостирате вашиот сајт.Името на домеинот го лоцира конкретниот вебсајт на глобалната мрежа. Дел е од Uniform Resource Locator (URL) и дава инструкции на пребарувачите како да го најдат конкретниот вебсајт. Кога Веб адресата (http://www.domain.com) е внесена во пребарувачот, веб серверот ја бара странат index. Оваа страна може да има различни екстензии, како што се .htm, .html или shtml и ќе биде покажана кога соодветното УРЛ е повикано. Додатните страни од сајтот се повикуваат со URL проследено со коса црта и името на страната. Значи, http://www.domain.com/page.htmИзбор на квалитетно домеин име е истотака од особена важност. Не само што на вашиот потенцијален клиент ќе му каже каков е вашиот бизнис, туку игра и важна улога во брендувањето. Доброто домеин име е она кое што веднаш ќе биде запомнато од вашиот посетител. Доброто домеин име е она што може да биде погодено од потенцијалниот посетител кој бара нешто особено. Во продолжение ви наведуваме неколку основни насоки кои можат да ви помогнат при избор на добро домеин име:
Веб хостирањеВеб хост е компанија која ви обезбедува сервер простор за вашиот вебсајт. Тоа ги вклучува сите ваши страни, слики, скрипти и датотеки.Кога вашата веб адреса е внесена во пребарувачот, вашиот веб хост е контактиран да ја лоцира и прикаже бараната страна. Слободни наспроти професионални веб хостинзиНе се сите веб хостинзи исти. Бројни се бесплатните хостинг услуги ширум глобалната мрежа, меѓутоа доколку сакате да дизајнирате вебсајт за бизнис цели, НИКОГАШ не хостирајте сајт на ваквите бесплатни хостинзи.Со цел да воспоставите кредибилитет, морате да инвестирате во ваш сопствен домеин и професионален веб хостинг. Вашиот посетител може да помисли дека доколку немате ваш сопствен домеин, не сте сериозна компанија. Едноставно ќе го однесат нивниот бизнис на друго место. Меѓутоа не е само професионалниот кредибилитет причина да не хостирате на бесплатните сервери туку и фактот дека многу пребарувачки машини не ги ни индексираат сајтовите хостирани на ваквите бесплатни сервери. Доколку сте сериозни во врска со вашиот бизнис и имате силна желба за успех, имањето на сопствен домеин и професионален хостинг е нешто што морате да го обезбедите. Избор на веб хостингКога вршите избор на професионален хостинг, вашто прво размислување треба да биде компанијата која ќе го врши истото. Проверете ја нивната репутација. Разговарајте со некои од нивните клиенти и проверете дали се зедоволни од услугата што ја добиваат.Направете ги следните истражувања:
Наведени се некои основни работи кои треба да ги побарате при избор на веб хостинг:
|


Веб статии 

