|
|
|
Подготовка за пребарувачки машиниЗначаен дел во развивањето на успешен вебсајт е привлекување на постојан доток на таргетиран сообраќај. Пребарувачки машини се вебсајтови кои што ги индексираат веб страните. Овие сајтови користат програми наречени “Spiders” и “Robots” кои континуирано ја прегледуваат глобалната мрежа во потрага по нови сајтови кои што ги индексираат.Кога ќе ја посетите пребарувачката машина (Google, Yahoo…) и барате нешто конкретно, внесувате неколку зборови кои најдобро го опишуваат тоа што го барате. Овие зборови се познати како „клучни зборови“. Кога пребарувачката машина ги индексира вебсајтовите, ги скенира страните во потрага по тие „клучни зборови“. Доколку вашиот вебсајт не биде ранкиран меѓу првите 10-20 резултати од претрагата на ваквите пребарувачки машини, вашите потенцијални клиенти нема да бидат во можност да ве пронајдат. Кога ги дизајнирате вашите веб страни, морате секоја посебно да ја оптимизирате. Секоја страна треба да таргетира една тема и треба да биде оптимизирана со „клучни зборови“ кои најдобро ја опишуваат таа тема. Оптимизирањето на вашата веб страна го содржи следното:
Клучни зборови и фрази„Клучен збор“ е збор кој најдобро ја опишува вашата веб страна. На пример, доколку вашата веб страна се фокусира на коњи, вашиот најдобар „клучен збор“ би бил „коњи“. Фраза се веќе два или три збора кои најдобро ја опишуваат вашата веб страна. Доколку вашата веб страна се фокусира на хранење на коњи, тогаш вашата „клучна фраза“ би била „храна за коњи“.Кога ја оптимизирате вашата веб страна, треба да се концентрирате на само неколку клучни фрази за секоја страна. Избегнувајте клучни зборови или фрази составени само од еден збор бидејќи дефинитивно нема да бидете рангирани високо во претражувањето на машините за пребарување. Кога започнувате со оптимизирање, секоја страна треба да биде оптимизирана за различна примарна клучна фраза. За високо рангирање на листата на пребарувачките машини потребно е селектирање на строго таргетирани, специфични за продуктот клучни фрази кои треба да бидат што е можно помалку генерализирани. Вашиот прв чекор кон оптимизација на вашата веб страна би било симнување на добра мала алатка наречена Good Keywords http://www.goodkeywords.com. Ова е слободен софтвер кој ви овозможува кога ке напишете клучен збор тој да ви исфрли потоа цела листа на клучни фрази. |


Веб статии 

