PDF Печати Е-пошта

Оптимизација на Веб страна

Првиот чекор кон високо рангирање кај пребарувачките машини е селектирање на вистинската клучна фраза за секоја страна од вашиот вебсајт.

За таа цел морате стратешки да ја оптимизирате вашата страна вклучувајќи:
  • META description тагот;
  • META keyword тагот;
  • Насловот;
  • ALT таговите на сликите;
  • HEADING таговите;
  • Имињата на сликите;
  • Хиперлинковите;
  • Содржинскиот текст;

<META>

META описниот таг содржи опис на вашиот сајт. Овој опис ќе биде видлив во некои од пребарувачките машини кога и вашиот сајт ќе биде меѓу пребаруваните. Вашиот опис треба да ги вклучува вашите најважни клучни фрази.
Пример:
<META name="DESCRIPTION" content="Обезбедување на совет за одгледување на кучиња, набавки и тренинг">

МЕТА тагот "keywords" содржи листа од клучни фрази одвоени со запирка. Вашата клучна фраза треба да биде прва, следена од една или две секундарни клучни фрази.

Пример:
<META name="KEYWORDS" content="совети за одгледување кучиња, набавки, тренинг за кучиња">

<IMG ALT>

Овој таг ја следи вашата адреса или УРЛ во вашиот HTML код. Овие зборови ќе бидат прикажани на местото на сликата во постарите пребарувачи или кога посетителот ја исклучил опцијата за прикажување на слики.
За потполно оптимизирање на вашите слики, вклучете ги вашите клучни фрази во ALT таговите. Како некој минимум, бидете сигурни дека сте употребиле доволно слики за да ги прикажете сите ваши клучни фрази. Запомнете... вашата примарна клучна фраза треба секогаш да биде прва.
Пример: (забележете дека за имиња на сликите се употребени клучни фрази):
Совети за одгледување кучиња.jpg
Набавки.jpg
Тренинг за кучиња.jpg

Пример:
<IMG src=WIDTH=80 HEIGHT=105 Совети за одгледување кучиња.jpg ALT=совети за одгледување кучиња>
<IMG src=WIDTH=80 HEIGHT=105 набавки.jpg ALT=набавки>
<IMG src=WIDTH=80 HEIGHT=105 тренинг за кучиња.jpg ALT=тренинг за кучиња>


<TITLE> таг

Исто како што требате да ги вклучите клучните фрази во МЕТА таговите потребно е е да ја употребите вашата примарна клучна фраза и во насловот на вашата веб страна. Ништо не треба повеќе да се појави помеѓу <TITLE> и </TITLE> таговите од вашата примарна клучна фраза.

<H?> таг

Овој таг служи за да го одвои заглавијата и оди од <H1> кој е многу голем до <H6> кој е многу мал и здебелен. Некои пребарувачки машини му даваат предност на текстот прикажан помеѓу овие тагови. Приоритет му се дава на највисокиот таг.
Сите ваши клучни фрази треба да бидат употребени како наслов за заглавија на вашите веб страни. Овие заглавија треба да бидат проследени со некој описен текст.
Вашето заглавие би требало да изгледа вака:
<H?>Совети за одгледување кучиња</H?>

<A HREF> таг

Кога креирате линови на вашата веб страна, вашите линкови треба да бидат прикажани заедно со мали слики поставени пред линкот. Овие слики можат да бидат мали знакчиња, стрелки или било што друго. Овие сликички не само што ќе го разубават вашиот сајт, туку ви овозможуваат да ставите клучни фрази во нивните АЛТ тагови.
Кога започнуваш со креирање на линкови, погрижи се насловот на страната, заглавијата и имињата на сликите веќе да ги содржат сите клучни фрази.
Вашиот HTML код би требало вака некако да изгледа:
<img src=совети за одгледување на кучиња.gif alt=совети за одгледување на кучиња>
<a rel="nofollow" href=совети за одгледување на кучиња.htm>Совети за одгледување на кучиња</a>

<img src=набавки.gif alt=набавки>
<a rel="nofollow" href=набавки.htm>Набавки</a>

<img src=тренинг за кучиња.gif alt=тренинг за кучиња>
<a rel="nofollow" href=тренинг за кучиња.htm>Тренинг за кучиња</a>


<BODY>Text</BODY>

Оптимизирање на вашиот текст е втор важен чекор кон повисоко рангирање на листите на пребарувачките машини. Вашата веб страна треба да содржи многу текст и треба да ги содржи сите ваши клучни зборови и фрази во што е можно повеќе варијации. Доколку сите ваши клучни фрази кои што ги внесовте во вашите МЕТА тагови не се присатни и во вашиот текст, пребарувачките машини едноставно ќе ги игнорираат.

Пријавување на вашиот вебсајт

Откако ги оптимизиравте вашите веб страни и ги подигнавте на сервер, вашиот следен чекор е да ги пријавите на пребарувачките машини. Како и да е, не ја пријавувајте вашата страна на Google. Вашата страна ќе биде многу повисоко рангирана доколку и дозволите на пребарувачката машина на GOOGLE сама да ве пронајде.
Треба да размислите да направите мапа на сајтот и таа страна да ја пријавите на GOOGLE. Оваа страна дава приказ како е поставен вашиот вебсајт и меѓусебните линкови. Доколку креирате ваква страна со линкови до сите ваши страни пребарувачките машини многу лесно ќе ја пронајдат и индексираат истата.
Вложеното време во оптимизирање на вашиот вебсајт е најважен чекор кон високо рангирање на листата на пребарувачките машини и со тоа привлекување на што е можно поголем број на посетители на истиот.
 

Веб дизајн

Клиент страна:
HTML, JavaScript, Flash

Сервер страна:
PHP (Drupal, Joomla и Plone CMS)

База на податоци:
MySQL

Ние разбираме дека нашиот успех зависи од нашите клиенти – поради тоа успехот на вашиот бизнис е нашен врвен приоритет. И каков и да е проектот, ќе работиме на него се додека клиентот не биде во потполност задоволен од понуденото решение.
Ви нудиме три пакети како за физички така и за правни лица, кои ќе ви овозможат најдобра презентација на интернет.

...читај повеќе

Графички дизајн

Лого дизајн пакети:
Стандарден пакет
- 4 оригинални лого дизајни
Плус пакет
- 6-8 оригинални лого дизајни

Процедура
Ќе ни испратите опис на вашата компанија, вашите желби и инструкции. За пет дена ќе примите 3-5 логоа за избор. За 5 дена ќе добиете три модификации од избраното лого. По вашето одобрение ќе добиете модификација со висока резолуција на избраното лого.

Цени
  • Стандарден пакет: 6.000 мкд
  • Плус пакет: 12.000 кмд

...читај повеќе