Статии

Вашиот стратешки веб дизајн план

Денеска постојат милиони вебсајтови на интернет и секојдневно се додаваат уште илјадници. Конкуренцијата е голема и за да останете успешни морате секогаш да бидете еден чекор пред нив.
Читај повеќе...  

Основни веб дизајн насоки

Појавувањето на вашата веб страна е еден од најважните аспекти на вашиот успех. Вашиот производ или услуга буквално ќе биде проценета од изгледот на вашата веб страна.
Читај повеќе...  

Основни Веб алатки

Изработката на квалитетен вебсајт бара големо планирање и подготовки. Важен дел од вашите подготовки е обезбедување на потребните алатки за изработка на вебсајтот.
Читај повеќе...  

Подготовка за пребарувачки машини

Значаен дел во развивањето на успешен вебсајт е привлекување на постојан доток на таргетиран сообраќај. Пребарувачки машини се вебсајтови кои што ги индексираат веб страните. Овие сајтови користат програми наречени “Spiders” и “Robots” кои континуирано ја прегледуваат глобалната мрежа во потрага по нови сајтови кои што ги индексираат.
Читај повеќе...  

Оптимизација на Веб страна

Првиот чекор кон високо рангирање кај пребарувачките машини е селектирање на вистинската клучна фраза за секоја страна од вашиот вебсајт.
Читај повеќе...  

Поставување на вашиот вебсајт на интернет

Кога ќе бидете подготвени да го поставите башиот вебсајт, потребно е да донесете две важни одлуки – како ќе се вика вашиот домеин и каде ќе го хостирате вашиот сајт.
Читај повеќе...  

Промовирање на вашиот вебсајт

Креирање на успешно присаство на глобалната мрежа вклучува многу повеќе од изработка на солиден вебсајт или имање на „совршен“ продукт. Прелистувањето на вашиот вебсајт од пребарувачките машини е прв чекор; меѓутоа не треба само да се потпирате на пребарувачките машини за да ви обезбедат голем број на посетители на вашиот вебсајт.
Читај повеќе...  
PDF Печати Е-пошта

Графички дизајн

Првата работа која луѓето ја забележуваат на вашите маркетинг материјали е вашето лого, и таа прва импресија е клучна за воспоставување на солидна основа за градење на бизнис врска. Дали вашето лого ја дава вистинската слика? Кога луѓето го гледаат, дали изгледаат импресионирани или помалку збунети? Гледајте ја повнимателно нивната реакција следниот пат, можеби ќе се изненадите.
Кога го започнувате вашиот бизнис, можеби ќе изнајмите неискусен дизајнер да го изработи вашето лого, или можеби и ќе го изработите сами. Но, за да го направите следниот чекор напред потребно ви е професионално лого. Вие сте на врвот на вашата игра, и вашето лого треба да го презентира токму тоа. Затоа предадете ја работата на врвни професионалци!!!
Професионално изработено лого е инвестиција во вашиот бизнис која ќе ви се враќа постојано и постојано со текот на годините.
Вашето лого е многу повеќе отколку мала убава сликичка на вашата бизнис картичка. Тоа е графичка презентација на она што вашата компанија го работи. Треба да предизвика емоции релевантни на вашата компанија, независно дали станува збор за доверба, моќ, инвентивност или било која друга емоција. Вашето лого треба да го задржи вниманието на луѓето, да инспирира доверба и да го портретира она што вашата компанија го работи – и доколку ние го дизајнираме, тоа и ќе го прави токму тоа!!!

Брошурите се предводник на сите ваши маркетинг напори: нивната намена не е само да ги информираат клиентите за производите или услугите што ги нудите, туку и да го потенцираат фактот дека вие нудите подобри решенија од вашата конкуренција.
Креацијата на толку деликатна и важна алатка за вашиот бизнис мора да биде предадена во рацете на професионални дизајнери! Нашето искуство и нашите способности гарантираат дека вашата брошура ќе биде позиционирана рамо до рамо со брошурите на големите светски корпорации.
Ние не сме лимитирани само на изработка на логоа и брошури, иако се токму тие од витално значење за вашиот бизнис. Ние изработуваме и каталози, бизнис картички, годишни извештаи и сличен медиумски материјал.
Независно на квантитетот на различните решенија кои ги нудиме ниту на едноставноста или комплексноста на вашите барања, нашиот пристап кон вашите потреби е секогаш ист: работиме непосредно со вас и ја модифицираме нашата работа се додека вашите очекувања не се исполнат!
Ние ги слушаме нашите клиенти и креираме солуции: брзи, атрактивни и логички дизајнирани брошури кои ќе ја рефлектираат вашата компанија и ќе помогнат во развојот на вашиот бизнис.

  • Првите предлог-решенија ќе бидат готови за максимум 3 работни дена.
  • Неограничени ревизии, нашата гаранција за квалитет. Работиме на вашата брошура се додека не бидете 100% задоволни.
  • Висококвалитетен краен продукт.

Лого пакети
1. Стандарден пакет: 3-4 уникатни предлог-решенија на лого
2. Пакет Плус: 6-8 уникатни предлог-решенија на лого

Процедура
Ни го испраќате описот на вашата компанија, вашите желби и инструкции. За пет дена ќе добиете 3-5 логоа за избор. Три дена подоцна ќе примите три модификации на избраното лого. По вашето одобрување ќе добиете лого со висока резолуција во три различни формати.

Цени
1. Стандарден пакет: 6.000 мкд
2. Пакет Плус: 12.000 мкд

 

Веб дизајн

Клиент страна:
HTML, JavaScript, Flash

Сервер страна:
PHP (Drupal, Joomla и Plone CMS)

База на податоци:
MySQL

Ние разбираме дека нашиот успех зависи од нашите клиенти – поради тоа успехот на вашиот бизнис е нашен врвен приоритет. И каков и да е проектот, ќе работиме на него се додека клиентот не биде во потполност задоволен од понуденото решение.
Ви нудиме три пакети како за физички така и за правни лица, кои ќе ви овозможат најдобра презентација на интернет.

...читај повеќе

Графички дизајн

Лого дизајн пакети:
Стандарден пакет
- 4 оригинални лого дизајни
Плус пакет
- 6-8 оригинални лого дизајни

Процедура
Ќе ни испратите опис на вашата компанија, вашите желби и инструкции. За пет дена ќе примите 3-5 логоа за избор. За 5 дена ќе добиете три модификации од избраното лого. По вашето одобрение ќе добиете модификација со висока резолуција на избраното лого.

Цени
  • Стандарден пакет: 6.000 мкд
  • Плус пакет: 12.000 кмд

...читај повеќе