PDF Печати Е-пошта

Услови за користење на услугите на Mate-dfk

Со било какво користење на услугите овозможени од страна на Mate-dfk, Вие без никакви ограничувања се согласувате со сите услови и правила истакнати подолу. Ве молиме внимателно прочитајте ги сите делови од овие услови за користење бидејќи истите ги истакнуваат Вашите права, легални обврски и ограничувања.

Краток опис на условите:

  1. Забранет е било каков начин на СПАМ-ирање.
  2. Услугите на Mate-dfk не смеат да се искористуваат за нелегална трговија – продавање, купување или понудување и изнудување на било какви илегални работи, вклучувајќи пиратерија, илегални субстанци, оружје и др.
  3. Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони.
  4. Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација на било каков начин не е дозволен.
  5. Било каква дистрибуција на материјал кој прекршува авторски права или права на регистрирани знаци е забранет и корисникот ќе биде одстранет веднаш штом биде забележан од администраторите на Mate-dfk.
  6. Сите корисници доколку се смета дека ги злоупотребуваат услугите на Mate-dfk, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на надгледување и контролирање од страна на овластени лица – администратори на Mate-dfk или пак надлежни лица од Владини институции.
  7. Mate-dfk го задржува правото, но не е задолжен, да ги проверува и регулира содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, да ги отстрани корисничките сметки или пак да одбие доставување на услуги.
  8. Клиентите на Mate-dfk се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема Mate-dfk.


Детален опис на условите:

  1. Mate-dfk го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на Mate-dfk се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.
  2. Mate-dfk има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или исклучи/стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на Mate-dfk или пак постоечките закони. Mate-dfk исто така го задржува правото на барање од надлежни Владини служби да ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате Mate-dfk за одговорен.
  3. Вие се согласувате да во процесот при првична и сите останати дополнителни регистрации за користење на услугите на Mate-dfk доставувате валидни и точни Ваши информации. Вие исто така се согласувате дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го известите Mate-dfk.
  4. По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на Вашиот статус како клиент на Mate-dfk по основа на претходен договор, ќе Ви бидат доставени инструкции за користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат Вашата лозинка и корисничко име. Ваша одговорност е доставените информации да ги чувате како доверливи и да не ги споделувате со никого. Вие исто така сте одговорни за сите активности произлезени од тоа корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Вие исто така се согласувате да ги известите администраторите на Mate-dfk Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите доколку забележите било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат Вашето корисничко име и лозинка.
  5. Зависно од доставените или договорените услуги кои Ви се овозможени за користење, Вие се согласувате дека ќе ги почитувате поставените правила и нема да ги надминувате и преоптеретувате договорените спецификации, вклучувајќи количество на пренесени информации преку комуникациски канали (bandwidth), бројот на e-маил кориснички имиња, веб и е-маил простор достапен за користење и други. Доколку постои дополнителен договор со МКХост за можни надминувања, Вие се согласувате истиот да го почитувате и да ги подмирите Вашите обврски како што е барано во договорот.
  6. Mate-dfk се согласува да прифати порнографски содржини доколку истите ги задоволуваат законските норми како на пример: наменета публика за порнографските содржини да е на возраст од или над осумнаесет (18) години, содржините да не вклучуваат материјали од лица помали од осумнаесет (18) години и друго. Клиентите се задолжуваат пред објавување на порнографски материјали дополнително да го проверат изворот како и податоците за истите. Mate-dfk не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најбрз можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без претходно известување.
  7. Вие како клиент на Mate-dfk услугите исто така се согласувате дека нема да доставувате или работите со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршувачки фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални средства. Вие исто така се обврзувате дека преку услугите на Mate-dfk нема да вршите никаков вид на илегална трговија на било какви легални или илегални средства.
  8. Вие сте обврзани при поставување на било каква дата преку услугите на Mate-dfk, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате.
  9. Mate-dfk исто така го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема корисниците кои ќе ги искористат услугите на Mate-dfk за да дозволат пристап до нелегални содржини.
  10. Вие исто така се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации на други корисници, Mate-dfk или друго лице или организација. Корисниците исто така се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на Mate-dfk, останатите клиенти на Mate-dfk и сите инволвирани страни.
  11. Доколку услугите на Mate-dfk се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.
  12. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на Mate-dfk, клиентите или пак останати лица и организации.
  13. Се согласувате дека нема во никој случај да се обидете недозволено да пристапите до овластени и доверливи делови на останати корисници на Mate-dfk или на Mate-dfk.
  14. Вие, со користење на услугите на Mate-dfk, се согласувате да објавувате содржини кои нема да дискриминираат на било каков начин и нема да бидат навредливи.
  15. Вие се согласувате дека услугите овозможени од Mate-dfk нема да ги искористите за дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал.
  16. Mate-dfk го задржува правото да блокира, без претходно известување, внатрешен и надворешен пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за користење.
  17. Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите услугите на Mate-dfk за лажни и измамнички активности.
  18. Mate-dfk со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти доставува корисничка и техничка поддршка 24 часа во неделата. Доставувањето на оваа поддршка е самоиницијативно од страна на Mate-dfk и Mate-dfk не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.
  19. Со користење на услугите на Mate-dfk, Вие се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, Mate-dfk не е одговорен во никој случај.
  20. По истекот на временскиот период за Ваше користење на услугите на Mate-dfk, доколку сакате да го продолжите тој период, плаќањето се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, Mate-dfk без никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци и фајлови, логови, е-маилови, веб страни и др.

За било какви прашања и информации во врска со условите за користење или услугите на Mate-dfk, контактирајте не.

 

Веб дизајн

Клиент страна:
HTML, JavaScript, Flash

Сервер страна:
PHP (Drupal, Joomla и Plone CMS)

База на податоци:
MySQL

Ние разбираме дека нашиот успех зависи од нашите клиенти – поради тоа успехот на вашиот бизнис е нашен врвен приоритет. И каков и да е проектот, ќе работиме на него се додека клиентот не биде во потполност задоволен од понуденото решение.
Ви нудиме три пакети како за физички така и за правни лица, кои ќе ви овозможат најдобра презентација на интернет.

...читај повеќе

Графички дизајн

Лого дизајн пакети:
Стандарден пакет
- 4 оригинални лого дизајни
Плус пакет
- 6-8 оригинални лого дизајни

Процедура
Ќе ни испратите опис на вашата компанија, вашите желби и инструкции. За пет дена ќе примите 3-5 логоа за избор. За 5 дена ќе добиете три модификации од избраното лого. По вашето одобрение ќе добиете модификација со висока резолуција на избраното лого.

Цени
  • Стандарден пакет: 6.000 мкд
  • Плус пакет: 12.000 кмд

...читај повеќе